INNO-SAE 2022/2023

Krug

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE продолжува и во 2022/2023 како
интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, а во ко-организација со Центарот за трансфер
на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил
и Методиј” (УКИМ) во Скопје. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите на
УКИМ и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите
да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува
оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

Pravila
  • Програмата INNO-SAE 2022/2023 прифаќа идеи од студентски тимови со акцент на интердисциплинарни тимови од
    студенти на различни единки на УКИМ.
  • Студентските тимови може да се најмногу до 5 студенти.
  • Секој тим испраќа кус опис на идејата заедно со целите и опрема / потрошен материјал за реализација на практичен
    прототип.
  • Идеите мора да покажат иновативна компонента.
shto-ochekuvame
Slika-1
slika-2
slika-3

OРИГИНАЛНОСТ

ИНТЕРДИСЦИПЛИНАРНОСТ

ПРОГРЕС НАД STATE-OF-THE-ART

shto-nudime
  • Пристап до расположливата опрема на ФЕИТ ФабЛаб за развој на прототип и тоа:

            – 3D печатари;

            – CNC машини со висока прецизност за обработка на струјни кола како и за обработка на дрво и метал;

            – Развојни плочки базирани на микроконтролер;

            – Различни типови на сензори и актуатори.

  • Техничка помош/менторирање за следење на развојот и давање насоки.
  • Поддршка за понатамошен развој кон формирање стартап и подготовка на апликација за финансирање пред трети
    страни (на пр. ФИТР) 

denovi-za-vmrezuvanje-i-kontakti

За да се олесни комуникацијата со интердисциплинарните тимови формирани од студенти на различни факултети,
ФЕИТ ФабЛаб, ИНОФЕИТ и УСС ќе организираат денови за вмрежување и контакти по потреба. Овие настани ќе
бидат соодветно најавени и сите заинтересирани студенти се поканети да учествуваат и да добијат повеќе
информации за програмата INNO-SAE 2022/2023.

Fazi-i-rokovi
aplicirajte-sega

Урнекот за аплицирање може да се симне од тука. Сите идеи треба да се праќаат до innofeit@feit.ukim.edu.mk.

poddrzuvaci
logo univerzitetsko studentsko sobranie
dolen-del