ФЕИТ ФабЛаб, ИНОФЕИТ и УСС-УКИМ објавуваат повик за студентска програма INNO-SAE 2022/2023

Студентската програма Innovations in Smart Anything Everywhere – INNO-SAE продолжува и во 2022/2023 како интегрален дел од активностите на новоформираниот ФЕИТ ФабЛаб, а во ко-организација со Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ и Универзитетското студентско собрание (УСС) при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (УКИМ) во Скопје. Програмата е насочена кон стимулирање на иновативниот капацитет на студентите на УКИМ и работа на идеи кои можат да се развијат во прототип. Истовремено, INNO-SAE им овозможува на студентите да ги развиваат и своите претприемнички вештини. Програмата е отворена за сите студенти на УКИМ и поддржува оригинални идеи со мултидисциплинарен пристап.

Повеќе детали, рокови, урнек и начин на аплицирање може да се најдат на: https://inno.feit.ukim.edu.mk/inno-sae-2022-2023/